Неверојатен натпревар одиграа Ливерпул и Тотенхем, со дури седум погодоци, а на крајот се радуваа избраниците на Јирген Клоп со конечни 4-3.

Ливерпул тргна фуриозно, веќе во петтата имаа предност од 2-0, откако најпрвин Џонс во третата и Дијаз во петтата ја затресоа мрежата на гостите од Лондон.Кошмарот на Тотенхем продолжи во 15.минута кога Ливерпул доби пенал, а истиот мирно го реализираше Салах.

,,Петлите” преку Кејн во 39. минута намалија на 3-1, резултат со кој се замина и на полувреме.

Вистинското возбудување беше во финишот на натпреварот, кога Тотенхем целосно се врати. Сон во 74.минута намали на 3-2, а Ричарилсон во 93.минута ги шокираше навивачите на Ливерпул кога израмни на 3-3.

Кога се делуваше дека Ливерпул прокоцка победа, се укажа Диего Жота и во 95. минута донесе голема победа.