Екипата на Манчестер Јунајтед потешко од очекуваното стигна до трите бодови во дуелот со Астон Вила.
На натпреварот од 34-тото коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед славеше минимална победа со 1-0.
Стрелец на единствениот гол за „црвените ѓаволи“, вредна три бода, беше Бруно Фернандеш во 39-тата минута.
Јунајтед останува на 4.место на табелата со 63 бодови, два помалку од Њукасл кој го совлада саутемптон со 3-1 со пресврт во вториот дел.