Екипата на Интер со пресврт во второто полувреме триумфираше над екипата на Лацио, со тоа и скоро го промовираа Наполи како нов шампион на Италија. Натпреварот заврши со резултат од 3-1.
Во првото полувреме во 27-та минута ВАР му поништи гол на Микитатијан за 1-0 на Интер. Лацио тоа го искористи во 30-та минута кога стрелаше Фелипе Андерсон за 1-0.
Второто полувреме се одвиваше во очекуван тек се до 78-та минута кога Лаутаро израмни на 1-1. За 2-1 во 83-та минута стрелаше Робин Госенс. Печат на натпреварот стави Лаутаро во 90-та минута со својот втор гол.
Интер со оваа победа се искачи на 4-та позиција со 57 бода исто колку и градскиот ривал Милан кој сега падна на 5-та позиција.
Со овој пораз Лацио останува на 2-та позиција со 61 бод, со што го потврдува Наполи за нов Италијански владетел.
Наполи е лидер со 78 бода и потребен му е само бод за математички да обезбеди прва титула по 33 години пост.
Андреј Велјаноски