Тимот од Гевгелија по пауза од неколку години повторно ќе игра плеј-оф натпревари, но за противник го има шампионот на Македонија МЗТ Скопје Аеродром.
Актуелниот македонски селектор Александар Јончевски, и тренерот на Кожув, делумно е задоволен од пласманот на екипата во регуларниот дел од првенството.
„Ќе играме плеј-оф наместо плеј-аут, делумно сме задоволни. Забележавме победи против далеку појаки екипи во вториот дел што ни дава сила и мотив да сториме нешто повеќе и во плеј-офот. Вкрстуваме со актуелниот шампион, имаме свои амбиции и стратегија како би направиле огромно изненадување против големиот фаворит. Ги познаваме сите нивни маани кои оваа година беа клучни за непланирани порази. Новиот систем ќе донесе многу поинтересни натпревари, па очекувам секој дуел да биде исклучително неизвесен до самиот крај. Сите други екипи имаат еднакви шанси за полуфинале. Им посакувам на сите учесници добра и фер игра“ ,
најави Јончевски
Дали добрата игра во финишот на сезоната ќе ја прикажат и против МЗТ, останува да видиме, а овој натпревар можете ВО ЖИВО ОВДЕ да го следите овде.
Томислав Атанасовски