Никола Јокиќ и Денвер „Нагетс“ со победа и стил го отворија полуфиналето на западот против Феникс „Санс“ со убедливи 125-107.

Првата четвртина беше израмнета од двете страни. па на крајот „Санс“ имаа предност од само еден поен 32-31. Со неколку серии во втората четвртина „Нагетс“ стигнаа и до 17 поени предност на полувреме.

Феникс покажаа неколку пати знаци на „живот“ во третата четвртина минус го намалија на 11, но  Џамал Мареј ги урна нивните надежи.

Во последната четвртина Денвер стигна и до и до највисоки плус 25, за на крајот натпреварот да заврши со резултат од 125-107.

Никола Јокиќ со дабл-дабл од 24 поени и 19 скока беше предводникот на Денвер, но клучот беше играта на Џамал Мареј кој постигна 34 поени.

Во поразената екипа дуото Букер и Дурант имаа 27, односно 29 поени.

Андреј Велјаноски