Екипата на Манчестер Сити чекори сигурно кон нова титула во Премиер Лигата, победувајќи ги Арсенал на „Етихад” со 4-1.
Кевин де Брујн го отвори натпреварот во 7-та минута. По спорна ситуација во која ВАР одигра клучна улога Стоунс зголеми на 2-0.
Кевин де Брујн во 54-та минута го постигна својот втор гол за 3-0.
Роб Холдинг во 86-та намали на 3-1 и за момент врати надеж на „топџиите”, но тие не успеа да се вратат во игра.
Ерлинг Халанд стави печат во 95-та за 4-1 и најверојатен крај за надежите на Арсенал за трофеј во Премиер Лигата.
Со оваа победа „граѓаните” се доближија на 2 бода до лидерот Арсенал, со 73 бода. Арсенал останува лидер со 75 бода, но Манчестер Сити има и два натпревари помалку.
Андреј Велјаноски