Екипата на Астон Вила успеа да слави на домашен терен со минимални 1:0 во дуелот со Фулам во рамките од 33.коло на Премиер лигата.
Во тврд натпревар со малку шанси, поумешни беа играчите на Астон Вила, кои играат одличен фудбал со доаѓањето на тренерот Емери.
После еден корнер во 21-минута, домашниот играч Мингс успеа со глава да ја затресе противничката мрежа и да донесе водство за својата екипа. Со овој резултат се отиде на полувреме.
Во вториот дел екипата на Фулам се обиде да нападне и да дојде до израмнувачкиот погодок.
Мрежите мируваа се до 83-тата минута, кога Фулам успеа да изедначи, но нивната радост траеше кратко, а во офсајд се најде Харисон Рид и голот беше поништен.
До крајот на натпреварот немаше поголема шанса за промена на резулатот. Со овие три бода екипата на Астон Вила моментално се искачи на 5-тата позиција и ќе се бори за излез во европските натпреварувања.
Филип Василевски