Во Втората македонска фудбалска лига попладнево во Охрид ќе се одигра големото дерби во кое се среќаваат двете првопласирани екипи на табелата Воска спорт и Вардар.

Тоа се и главните претенденти за влез во прволигашката конкуренција за кој во игра се и екипите на Гостивар и битолски Пелистер.

Имајќи го во предвид изгледот на табелата на која лидер е охридскиот куб со три бодови повеќе од денешниот противник Вардар, односно четири од Гостивар, многу работи може да бидат појасни по одигрувањето на дербито во Охрид.

Интересно е да се види и дали домаќините ќе истраат во намерата за ги спречат вардаровите навивачи „Комити“ за кои најавија дека е забрането организирано присуство на стотниот „Биљанини Извори“, на што пак со право реагираа вардарци, потенцирајќи дека фудбалот се игра за публика, а не за „одбрано“ друштво.

Натпреварот меѓу Воска спот и Вардар започнува од 16 часот, терми во кој се играат и останатите средби од кои ги издвојуваме оние на екипите за висок пласман, па така Гостивар го пречекува Кожуф, а Пелистер гостува во Струмица кај Беласица.

ТАБЕЛА
1. ВОСКА СПОРТ 59 бодови
2. ВАРДАР 56
3. ГОСТИВАР 55
4. ПЕЛИСТЕР 50 …