екипата на Реал Мадрид очекувано забележа победа над Селта Виго со 2:0 во натпревар од 30-тото коло на Ла Лига.

Иако „кралевите„ се изнамачија до првиот гол, сепак во финишот на првото полувреме, по акцијата на Винициус, во 42-минута Асенсио конечно го скрши отпорот на тимот од Виго.

Затоа пак во вториот дел, по само три минути игра, беше постигнати и вториот погодок.

Овојпат во улога на асистент беше Асенцио, а Милитао на ефектен начин со глава зголеми на 2:0, што се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.

Реал сега ја намали предноста на Барселона на 8 бодови во исчекување на утрешното дерби на „Камп Ноу“ во кое лидерот Барселона го пречекува трето пласираниот Атлетико Мадрид.