Екипата на Струмица Никоб лесно стигна до првата победа во финалето на одбојкарскиот шампионат на Македонија.
На првиот меч против ГОК Борец, одигран попладнево во Струмица, актуелниот бранител на шампионскиот трофеј беше подобар од велешкиот клуб во три сета (3:0).
Првите два фаворитот ги доби со идентичен резултат 25-19, а третиот гостите освоија два поени повеќе, па заврши со резултат 25-21.
Со денешниот триумф, пред се игра, Струмица Никоб најави дека и сезонава како и лани ќе атакува на двојната „круна“, откако го освои трофејот во Купот и тоа совладувајќи го истиот противник во финалето.
Вториот натпревар на програмата е во недела во Велес, а потсетуваме дека финалната серија се игра во три добиени меча.
Утре, Работнички Скопје и Јанта волеј, ќе го играат првиот меч во женското финале, што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:30 часот.