Женската ракометна репрезентација на Македонија за пласман на Европското првенство 2024 година ќе игра во групата 5 заедно со селекциите на Шпанија, Литванија и Азербејџан. Ова е епилогот од денешната ждрепка што се одржа во Цирих. Натпреварите од 6-те кола ќе се играат во преиодот од 11.октомври 2023 година до 7.април 2024 година.

Пласман ЕП ќе изборат двете првопласирани репрезентации од осумте групи, како и четири најдобри третопалсирани селекции, со тоа што нема да се сметаат резултатите со репрезентациите кои ќе го освојат четвртото место во групата.

Група 1: Хрватска, Романија, Грција и Босна и Херцеговина.

Група 2: Германија, Словачка, Украина и Израел.

Група 3: Холандија, Чешка, Португалија и Финска.

Група 4: Франција, Словенија, Италија и Летонија.

Група 5: Шпанија, Македонија, Литванија и Азербејџан.

Група 6: Црна Гора, Србија, Турција и Бугарија.

Група 7: Шведска, Исланд, Фарски Острови и Луксембург.

Група 8: Данска, Полска и Косово.

Европското првенство ќе се игра во три држави Австрија, Унгарија и Швајцарија, кои имаат директен пласман, а учесник е и европскиот шампион Норвешка. Шампионатот ќе се игра од 28.ноември до 15.декември 2024 година. Ова ќе биде прво Европско првенство во женска конкуренција со 24 репрезентации.