Кошаркарите на ГКК Штип запишаа нов триумф во домашната Супер лига, откако на домашен терен го совладаа Скопје со резултат 103-94. Ова е трета последователна победа за штипскиот состав, кој пред околу илјада гледачи во салата „Џексон“ ја потврди одличната форма.

Домаќините силно го отворија натпреварот од седмото коло и по првите десет минути стекнаа значајна предност од 25-17. Гостите од Скопје возвратија со поефикасна игра во вториот период, па на полувреме се замина со резултат 52-47 за домашните.

Третиот квартал донесе голема борба и резултатска неизвесност, а скопскиот тим предводен од расположените Паркер и Џонс се доближи на 71-70. Сепак, штипјани одиграа фуриозно во последната четвртина и со прецизни удари од далечина на Митев, Костоски и Димчевски го скршија отпорот. Со серија од сигурни реализации во завршницата, домашниот тим ја надмина границата од сто поени и рутински ги обезбеди бодовите.

Најефикасен во победничкиот табор беше Американецот, Џок Пал со 38 поени. Тој доби поддршка од сонародникот Хамилтон кој на 18 поени додаде 7 асистенции. Кај гостите од Скопје најмногу се истакнаа Колин Паркер со 29 и Крис Џонссо 23 поени.

Со овој триумф, ГКК Штип стигна до скор од три победи и четири порази, најавувајќи пробив кон горниот дел од табелата. Екипата на Скопје останува на дното од прволигашката конкуренција со само еден триумф и шест порази по седум одиграни кола.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б