Ракометарите на Прилеп забележаа убедлива победа од 34-24 над составот на Мулти Есенс во рамките на македонската ракометна Супер лига. Со овој триумф во 10.коло, домашниот тим стигна до десет бода и цврсто ја држи шестата позиција на табелата. Тоа место води директно во разигрувањето за титулата, што е главна цел на прилепскиот суперлигаш оваа сезона.

Гостите од Автокоманда беа рамноправен ривал само во почетните десет минути од натпреварот, кога резултатот на семафорот гласеше 5-5. Потоа избраниците на тренерот Наум Танески го засилија темпото и целосно ја презедоа контролата врз играта. Домашните ракометари направија неверојатна серија од осум голови без примен погодок и брзо поведоа со високи 13-5. Овој фуриозен налет уште во раната фаза ги реши сите дилеми околу победникот на денешниот дуел. На полувремето РК Прилеп замина со висока предност од 19-10, најавувајќи мирно продолжение на средбата. Вториот дел мина во рутинска игра на домаќините, кои без никакви проблеми ја сочуваа двоцифрената позитива до самиот крај.

Најефикасен во победничкиот табор беше десниот бек Никола Шипинкоски, кој одигра маестрален натпревар и постигна дури 11 погодоци. Одлична поддршка во нападот имаше од левиот бек Андреј Стојановски, кој осум пати ја затресе гостинската мрежа. Значаен придонес во успехот даде и голманот Благојче Трајкоски со осум успешни интервенции меѓу стативите. Кај поразениот тим на Мулти Есенс, кој останува закован на дното на табелата, се истакна кадетскиот репрезентативец Јован Петрески со осум голови.

Покрај овој натпревар денеска се играат уште три, а дербито е во СЦ „Борис Трајковски“’ каде ќе се сретнат двете првопласирани екипи Вардар и Алкалоид. Дербито може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н И гол +/- Б