Младинската фудбалска репрезентација на Македонија одигра пријателски контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. Македонските надежи претрпеа пораз на стадионот „Караѓорѓе“ со конечен резултат од 2:0 за домашниот тим.

Србите го отворија натпреварот со прецизниот погодок на Јован Милосављевиќ уште во 19. минута од средбата. Конечниот резултат го постави Ѓорѓе Петровиќ, во втората минута од судиското продолжение на второто полувреме.

За селекцијата на Србија ова е дел од подготовките за Европското првенство на кое ќе биде ко-домачин. И за македонските младинци, предводени од новиот селчектор Танески, ова беше добра моќност да се воиграат за следните квалификациски предизвици.