Викендов продолжуваат возбудувањата во македонската кошаркарска Супер лига со натпреварите од петтото коло. Љубителите на кошарката денеска ќе можат да проследат три интересни средби на терените низ државата.

Програмата стартува попладнево во 17:30 часот во Штип, каде домашниот тим ја пречекува екипата на Струмица. Штипјани сèуште ја бараат првата сезонска победа по четири одиграни кола во елитата. Струмичани, пак, доаѓаат мотивирани по големиот триумф над МЗТ Скопје во минатото коло.

Два натпревари се закажани за терминот од 18:30 часот во Скопје и во Кавадарци. Лидерот Работнички гостува кај градскиот ривал Скопје 2023 со амбиција да го задржи максималниот ефект. „Центарци“ се единствениот непоразен тим во досегашниот тек од домашниот шампионат со осум освоени бода. Во истиот термин, екипата на Тиквеш на домашен терен ќе ги одмери силите со ТФТ Скопје. Кавадарчани ќе се обидат да ја прекинат серијата од три порази во низа пред својата публика.

Колото ќе се комплетира утре со преостанатите две средби од оваа рунда. Во фокусот на вниманието ќе биде во „Јане Сандански“ каде МЗТ Скопје го пречекува Пелистер од 14 часот. За крај на колото, Куманово од 18 часот ќе го пречека второпласираниот состав на Кожув.

Сите натпревари ГЛЕДАЈТЕ ГИ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б