Екипата на Македонија Ѓорче Петров, е далеку од трката за шампионскиот трофеј во фудбалското првенство, но „лавовите“ ќе имаат можност да и годинава да освојат трофеј. Ѓорчепетровци кон крајот на мај месец, во дуелот со лидерот на табелата и најсериозен кандидат за шампионската титула, Струга Трим Лум, ќе го бранат куп трофејот освоен минатата година.

Иако на последните два натпревари Македонија Ѓ.П. не успеа да победи, сепак овој тим добива многу.

Имено на последните неколку натпревари Ѓорчепетровци промовираа неколкумина млади талентирани фудбалери. На контролниот, пријателски натпревар со Вардар имавме можност да ги видиме Константино Горгиовски, Христијан Поп-Антоски и Дамјан Антевски, а на последниот против Академија Пандев шанса од десетина минути доби и тинејџерот Дарко Сековски.

Момчето кое пред неполни два месеци наполни 17 години (роден 20 февруари 2006 г.), имаше можност во дуелот со Академија Пандев да ги одигра првите свои минути во сениорскиот тим.

Дарко ја носеше 9-ката, која е заштитен знак за голгетерите. Во десетината минути што му ги довери тренерот Горан Симов, можевме да се увериме дека станува збор за темпераментно младо момче. Сековски кој ги мина сите младински категории како дел од фудбалскта академија на ФФМ, со екипа до 18 години (една повозрасни од него) успешно настапува во младинската конкуренција.

Она што го прави екипата на Македонија Ѓорче Петров е секако за голема пофалба, бидејќи само на таков начин, можеме да создаваме и градиме македонски фудбал, а ние медиумите, да го следиме и промовираме младите спортски таленти.

Ѓорчепетровци продолжете така, а вие момци, борете се и искористете ја секоја секунда и минута, да го докажете вашиот квалитет.

sport+ logoе тука да ве следи, промовира и информира за вас.

ФОТО и ВИДЕО – Галерија на Македонија ЃП и приватна архива на фудбалерот