Во последниот натпревар од 20-тото коло на Серија А, екипите на Фиорентина и Аталанта одиграа без победник 1-1.

Гостите од Бергамо кои се во трка за местата што водат во Лигата на шампионите, одлично го започнаа натпреварот. Имаа иницијатива која беше крунисана со голот на Данецот, Меле во 37-та минута за водство од 1-0.

Во вториот дел, односно 56-тата минута Рафаел Толои играше со рака, а по прегледувањето на снимката беше досуден пенал за домаќините.

Најстрогата казна сигурно ја изведе Кабрал за израмнување на 1-1.

Иако двата тима се обидуваа да стигнат до втор гол, сепак тоа не се случи, па резултатот остана не променет.

Со едниот освоен бод и вкупно 49, Аталанта останува на шестата позиција, но сега со два бода помалку од Интер, односно четири од Милан кој е на 4.место, последно што води во Лигата на шампиони следната сезона.