Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во ех европската лига.
На гостувањето во Германија во натпревар од третото коло од „Г“ групата, Еурофарм Пелистер е убедливо поразен од Гумерсбах со 38-28.
Иако битолчани го отворија натпреварот со два врзани гола во продолжението противникот брзо ја презеде контролата на играта. Германскиот тим веќе во осмата минута го презеде водството. Гумерсбах во еден миг има 66 голови предност, а на паузата замина со пет позитива (20-15).

Во второто полувреме избраниците на Лино Червар нема решение како да ја пробијат силната германска одбра. Домашниот состав беше оној што ја контролираше играта и резултатот, па на крајот сосема заслужено се израдува на втората победа.
Во редовите на Пелистер најефикасен беше капитенот Филип Кузмановски кој постигна 9 голови, додека по четири додадоа Ристевски и Видомски.
Овој пораз Еурофарм Пелистер останува на последната четврто место на табелата со само еден освен бод. Така во наредните три кола избраниците на Червар ќе имаат исклучително тешка задача, во трката за двете позиции што водат во следната фаза.
Следниот натпревар зелен0-белите од Битола ќе го играат пред домашната публика на 17 ноември против истиот противник (Гумерсбах).



































