Втор пораз во Серија А за ,,Старата Дама” од Торино, откако вечерва на гостувањето во Сасуоло загубија со минимални 1-0.

Во еден исклучително израмнет натпревар, во кој и двата тима имаа свои шанси и моменти од натпреварот, домаќините беа поснаодливи и на крајот се радуваа на голема победа и три бода.

Натпреварот почна израмнето а во првите 45 минути не видовме речиси ништо интересно и ниту еден шут во рамките на голот, па на полувреме резултатот беше оној почетниот, 0-0.

На почетокот на вториот дел во редовите на Сасуоло, влезе напаѓачот Дефрел, играч кој подоцна во 64-тата минута по една мешаница ќе биде најснаодлив и ќе го постигне водечкиот гол за домашниот тим.

Тренерот на Јувентус, Алегри, уфрли се на една карта и ги внесе во игра сите офанзивни играчи од клупа, па Јувентус тргна во целосна офанзива.

Најблиску до гол беше Рабио, кога по центаршут од корнер шутираше со глава, но одличниот Консиљи со неверојатна одбрана ја сочува својата мрежа.

До крајот на натпреварот Јувентус притискаше, но безуспешно, па на крајот мораше да му честита на противникот.