Дуелот помеѓу Унион Берлин и Бохум заврши со реми од 1-1 каде екипите си ги поделија бодовите.

Иако на хартија Унион Берлин беа фаворити, тоа не беше доволно за да ги земат сите 3 бода.

Натпреварот се отвори во судиското продолжение од првиот дел кога Јосип Јурановиќ со еврогол од слободен удар му донесе предност на домашниот тим за 1-0.

Но, во второто полувреме се тргна наопаку. Пол Јекел во 50-та и 60-та минута доби два жолти картони што значеше и исклучување. Во 55-та минута изедначи Стогер, а пак во 64-та минута голот на Риман за 2-1 за Унион Берлин беше поништен поради офсајд.

Со ова реми Унион Берлин се искачуваат на 3-та позиција со 52 бода и еден повеќе од Лајпциг.

Бохум со овој значаен бод е на 15-та позиција и 27 бода, но само со 3 бода разлика во однос на Штутгарт кој е на 16-то место со зоната на испаѓање.

Андреј Вељаноски