Лидерот во Премиер лигата Арсенал ја губи предноста во однос на конкурентот за титулата првакот Мачестер Сити. „Топџиите“ втор натпревар по ред на гости имаат водство од 2:0, но не успеваат да ја зачуваат предноста, со тоа што на денешниот дуел со Вест Хем не реализираа и пенал.
Со два брзи гола Арсенал по 10.минути игра водеше со 2:0. Стрелци на головите беа Жезус (7.минута) и Одегард (10.минута).
Домашниот тим се врати од почетниот шок и преку Бенрама од пенал намали на 2:1 во 33.минута. На почетокот на вториот дел Арсенал пропушти да го зголеми водството. Пеналот во 52.минута го промаши Сака, а казната стигна по две минути.
Бовен одлично реагираше на една нафрлена топка и го совлада Рамсдејл за 2:2. До крајот на дуелот двете екипи имаа шанси, но мрежите мируваа.
Арсенал со освоениот бод ја зголеми предноста во однос на Манчестер Сити, но има и натпревар повеќе. „Топџиите“ имаат 74 бодови по 31 натпревар, а „граѓаните“ имаат 70 од 30 натпревари.
Дуелот на овие два тима ќе се одигра на 26.април на „Етихад“.