Трет натпревар и трет пораз на фудбалската репрезентација на македонија во лигата на нациите.
Арената „Тодор Проески“ во Скопје, вечерва Македонија е поразена од Шкотска со 0:2.
Македонскиот репрезентативен фудбал, никогаш не делувал по очајно. Не само што беа надиграни, туку Шкотите играа како на домашен терен да речеме во Глазгов. Очајните резултати и настапи на Македонија, како и високите цени на картите, придонесоа трите илјади шкотски навивачи да ги навикаат малубројните македонски.
И со право. Игрите кои ги прикажуваат црвено-жолтите под водство на селекторот Гоце Седлоски, се повеќе од очајни. Шести натпревар во низа пулените на Седлоски, не знаат да постигнат ниту гол, а за победа не станува збор.
Сосема разбирлива е реакцијата на домашната (македонска) пред се фудбалска публика. Свирежите од трибините кои ги добија напите фудбалери се повеќе од заслужени.
Кога на четврти натпревар во низа голманот (Столе Димитриевски) ви е најдобар поединец, а примате по 2-3 гола, тогаш се е јасно.
Изговорите од тимот „ подмладуваме, ќе дојдат головите и победите“, одамна не држат вода.
Што се однесува до натпреварот.
Можеме да бидеме и „пресреќни“ што македонските фудбалери не загубија со поголема разлика. Димитриевски одбрани се што можеше да се фати. Но, Столе беше немоќен во 7.минута по ударот на Керион Боуви, како и 69-тата по пеналот на МекГини.
Од 83-тата минута (се играа 98 вкупно) Македонија имаше играл повеќе, откако МекКена заработи директен црвен картон. Тоа не смени ништо, освен што упативме уште неколку удари кон противничкиот гол, а еден едвај стигна до шкотскиот голман.
Македонија останува последна во својата група без одвоен бод, а веројатно ништо нема да се смени и по гостувањето кај Швајцарија за три дена (6 октомври).
Швајцарците пак вечерва впишаа нова (трета) победа. Тие со пресврт ја совладаа Словенија со 2:1.






























