Нови пет натпревари денеска се играат во рамките од петтото коло на машката ракометна Супер лига.
Сепак, целосната внимание на македонската ракометна јавност ќе биде насочено кон натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Таму ќе се сретнат актуелниот шампион Вардар и амбициозниот состав на Охрид.
Ова ќе биде нивно четврто соочување за нешто повеќе од месец дена.
Првите две на меѓународните турнири во Струга и Охрид им припаднаа на охриѓани. Вардарци пак го добија дуелот во суперкупот кој им го донесе првиот трофеј за оваа сезона.
За скопските црвено-црно овој меч доаѓа како генерална проба пред вториот натпревар во лигата на шампионите и дуелот со Висла Плоцк.
Трите (горе споменати) неизвесни натпревари, најавува дека и вечерва може да очекуваме голема борба до самиот крај.
Каков ќе биде епилогот ќе дознаеме понапред што ќе стартува во 18 часот и 30 минути, натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.
Во сенка на дербито, но не помалку интересно се очекува да биде во Автокоманда. Таму екипата на Алкалоид во дуелот против Тиквеш ќе се обиде да остане перфектна. Составот на Кирил Лазаров досега има максимални четири победи како и Вардар.
Овој натпревар ќе почне од 19 часот, а како вовед во истата сала од 16 часот ќе играат Мулти Есенс и Младост. Во Битола вториот состав на Еурофарм Пелистер ќе го пречека Куманово, последниот меч Прилеп е домаќин на Струга.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



























