Петтото коло во машката ракометна Ссупер лига носи нов дерби натпревар. Шампионот Вардар составот на Охрид секако е најинтересниот пар од оваа рунда.

дуелот ќе се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“, во Скопје во сабота. Иако првично беше најавен во терминот од 19 часот, натпреварот ќе стартува половина час порано 18.30 часот.

Ова ќе биде четвртата меѓусебна пресметка на овие две екипи пред и во новата сезона. Охриѓани ги добија двата подготвителни натпревари во рамките на меѓународните турнири во Струга и Охрид. Вардарци пак славеа на натпреварот во суперкупот кој им го донесе новиот трофеј пред стартот на новата сезона.

Картите за дербито се веќе во продажба по цена од 300, 400 и 500 денари, а може да купите онлајн ОВДЕ👇.