Екипата на Монца забележа неочекувано, но заслужена победа над Интер со 1:0 во натпреварот одигран во Милано, а во рамките од 30-тото коло на Серија А.
Иако важеа за фаворити на овој дуел, фудбалерите на Интер не успеаја да го потврдат тој примат, напротив.
И покрај целата иницијатива што ја имаа, избраниците на Инзеги не го најдоа вистинскиот пат кој гостинскиот гол, па во финишот следуваше казната.
За тоа се погрижи Лука Калдирола кој во 72.минута го постигна единствениот гол на натпреварот за победа на гостите.
Со овој пораз Интер прави чекор назад во борбата за позициите што водат во Лигата на шампионите, и сега има два бода помалку од Милан и Рома која пак утре на „Олимпико“ го пречекува Удинезе со Илија Несторосвки.