Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа нова победа во Ла Лига откако вечерва го совладаа тимот на Кадиз на гостински терен со 2:0. 

„Кралскиот клуб“ со тоа продолжува да игра топло-ладно во шпанската лига.

Победникот беше решен за пет минути кон средината на вториот дел кога Реал со головите на Начо и на Асенсио го скрши отпорот на противникот.

Начо со прецизен удар ја искористи асистенцијата на Чуамени во 72.минута, додека за вториот гол Валверде му асистираше на стрелецот Асенсио, пет минути подоцна.

Со денешната победа Реал Мадрид има 62 бода од 30 натпревари, десет помалку од лидерот Барселона, а пет повеќе од Атлетико Мадрид кој е на третата позиција.

Барселона и Атлетико Мадрид утре ги играат натпреварите од 29.коло.