Со натпреварот меѓу Филаделфија и Бруклин што се играше вечерва, започна плеј-офот, односно разигрувањето на шампионската титула во НБА лигата.

Филаделфија славеше убедлива победа со 121-101 и поведе со 1:0 во победи во четвртфиналната серија што се игра во четири добиени натпревари.

Жоел Ембид 26 поени и 5 скокови, заедно со Џејмс Харден беа незаслужни за овој триумф на „76-ките“, кои и следниот натпревар ќе го играат пред својата публика, веќе во вторник.

Ова беше натпревар од Источната конференција во која вечерва си играат и првите дуели меѓу Бостон и Атланта, односно Кливленд – Њу Јорк, а во 2:30 часот, шампионот Голден Стејт одбраната на титулата ќе ја започне на гостувањето кај Сакраменто.