Фудбалската репрезентација на Mакедонија немаше многу време за одмор. По убедливиот пораз пред два во Скопје од Швајцарија, репрезентацијата на Mакедонија удрија чека дуел против Словенија.

Црвено-жолтите денеска отпатуваа за Љубљана каде ќе го играат натпреварот. Таму вечерва избраниците на Гоце Седлоски ќе го одржат и единствениот тренинг во терминот во кој ќе се одигра и натпреварот.

Седлоски по поразот од Швајцарците најави дека ќе прави ме повеќе измени во стартниот состав. Ова а како што рече Седлоски на прес-конференцијата поради не ангажирањето на дел од репрезентативците. Кој ќе биде изборот на селекторот најверојатно ќе дознаеме пред самиот натпревар.

Дали атмосферата во националниот состав е нарушена останува да видиме на самиот натпревар.

Утрешниот дуел, од 2.коло во Лигата на Нациите, меѓу Словенија и Македонија ќе се игра во терминот 20.45 часот.