Новиот дебакл на „кормилото“ на Македонија, селекторот Гоце Седлоски го детектира во силата на противникот Швајцарија.
Со само два упатени удари на цел натпревар македонија и не можеше да се надева на позитивен резултат.
Да не беше Столе Димитриевски на голот поразот од 0-3 сигурно ќе беше и многу многу поголем. По натпреварот селекторот Седлоски истакна дека бил разочаран од начинот на кој влегле во натпреварот поголемиот дел од репрезентативците.
„Не упативме удар на гол, но Швајцарија е светска велесила. И јас како играч кога бев дел од селекцијата, морам да признаам, можеби посилен национален состав не гостувал во Скопје“ , изјави Седлоски.
Македонија играла и против многу помоќни селекции !
Очигледно дека селекторот заборавил дека Македонија во Скопје знаела и умеела да се надигрува со Шпанија, Германија, Англија, Италија и така-натаму. Не дека Швајцарија не е силен состав, ама алиби да се бара во квалитетот на противникот, не држи вода.
Пред десет дена селекторот беше задоволен од „нападачите“!?
Воедно селекторот заборави дека и на претходните четири натпревари (овој петти) Македонија речиси и да немаше упатен удар кон противничкиот гол.
Ама, Седлоски на прес конференцијата пред стартот на подготовките изјави дека од „нападачите“ е задоволен!?
Седлоски: Швајцарија отскокнува, може да се носиме со Шкотска и Словенија
За Седлоски не дозволив бил пристапот на одредени фудбалери кои во натпреварот влегле „исплашени“. Затоа тој утеха во наредните мечеви ќе барал во помладите.
„Од некои играчи сепак, не видов карактер. можеби зошто не играат во клубовите. Од некои играчи едноставно не сум задоволен. Така не смее. И тоа ќе биде санкционирано.
Во следните мечеви дефинитивно ќе добијат шанса и помладите. Да јас сум селектор, одговорноста е моја. Но неколку играчи едноставно потфрлија“, додаде Седлоски.
Македонија играла и против многу помоќни селекции
Дека Македонија ја нема препознатливата игра која ја красеше во претходниот циклус на Мундијалските квалификации под водство на Милевски е повеќе од јасно и видливо. А, ако се земе дека најголемиот дел во селекцијата се истите играчи, тогаш уште појасно е дека, не ќе да е до нив.
Почнува ли обработувањето на агендата!?
При инаугурацијата на Седлоски на селекторското место, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ изјави дека тој верува дека Седлоски ќе внесе нова борбена енергија. Од таа енергија досега, а минаа пет натпревари, не видовме ништо, напротив, видовме растурена енергија која ја имаше Македонија.
Се јави Омерагиќ и порача: Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик!!! – Ама какво!?
Дали е ова вистинскиот почеток на остварувањето на вистинската агенда за која Седлоски беше донесен на селекторското место, ќе покаже времето и наредните натпревари.
А, тие се веќе следуваат и тоа во наредниот период од само девет дена, Словенија, па Шкотска и пак Швајцарија.






































