Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе уште еден тежок пораз и доживеа нов дебакл на домашен терен.
Македонските фудбалери загубија од Швајцарија со 0-3 во натпреварот од Лигата на нации, одигран во Скопје.
Гостите целосно ја контролираа играта и упатија дури 22 удари кон гол на Столе Димитриевски уште во првото полувреме. Два од нив ја погодија целта. Резултатот го отвори Ремо Фројлер во 22.минута , а предноста ја удвои дуплираше Зеки Амдуни во 41-та минута, кога ја затресе мрежата. Швајцарците можеа постигнат и трет гол, но Дан Ндоје ја погоди само стативата. Голманот Столе Димитриевски беше единствената светла точка во нашиот национален тим. Тој спречи уште најмалку три сигурни гола уште во текот на првото полувреме.
Во вториот дел, противникот како свесно да се повлече и почна, па тоа создаде повеќе можност за македонските фудбалери да играат по офанзивно.
Но и со таква игра Швајцарците апсолутно ги контролираа случувањата на теренот. Тоа најдобро го потврди Амдуни со својот втор гол во 74.минута зголемувајќи ја предноста на Швајцарија на 0-3. Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.
Ова е веќе деветти натпревар без победа на Македонија, а пети во низа под водство на Гоце Седлоски без конкретен шут на противничкиот гол, а камо ли погодок. Седлоски кој го наследи Милески на селекторската позиција го претрпе третиот пораз на петте натпревари до сега.
Следниот натпревар македонските фудбалери ќе го играат веќе во вторник, во Љубљана, против Словенија, која денеска одигра 0-0 со Шкотска.





































