Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за новиот циклус во УЕФА Лигата на Нациите.
Покрај редовните обврски со тренинзите, македонските фудбалери (дел од нив) ќе се стават на располагање на љубителите на фудбалот.
Имено ФФМ ќе организира дружење со нашите репрезентативци и ексклузивната можност да се дибие персонализиран дрес со име и број по желба.
Во четврток (24 септември), во „Ист Гејт мол“ од 18 часот биде организирана оваа дружба и тоа со капитенот Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Бојан Миовски.



































