Одбојкарите на Белгија и Словенија го комплетираа списокот од осумте селекции кој ќе продолжат во четвртфиналето на Европскиот шампионат.
Во балканското дерби од осминафиналето Словенија убедливо во три сета со 25-14, 25-13 и 25-22 ја победи Србија. Словенија за противник во четвртфиналето ќе ја има селекцијата на Белгија која со 3:1 во сетови беше подобра од Чешка.
Тоа ќе биде првиот натпревар од програмата закажана за утре, а во вториот ќе играат домаќинот Италија и репрезентацијата на Финска.
Првиот пар за полуфиналето ќе го дознаеме денеска.
Него ќе го сочинуваат победниците од мечевите меѓу Франција и Романија (15 часот), односно актуелниот европски првак Полска и селекцијата на Германија (18 часот).




































