Фудбалерите на Струга Трим Лум оствари убедлива победа со 6-0 против Арсими во натпревар од 8.коло од Првата македонска лига.
Играч на натпреварот беше Марјан Радески кој оствари хет-трик, постигнувајќи половина од головите на стружани.
Првото полувреме помина во знак на тврда игра и тактичко надмудрување, но мрежите останаа мирни и покрај иницијативата на домаќините. Струга постигна погодок уште во 20.минута од мечот, но голот беше поништи поради недозволена офсајд позиција.
Вториот дел донесе целосна фудбалска експлозија на стружани, кои ги искористија своите шанси и во период од половина час постигнаа дури шест гола.
Марјан Радески беше незапирлив и ја предводеше офанзивата, постигнувајќи хет-трик со головите во 57-та, 66-та и 75-та минута. Арбино Алији ја зголеми предноста во 69-та минута, а Флоран Рочи во 80-та минута донесе убедливи 5-0. Бесар Шабани стави точка на натпреварот во 88-та минута и ги постави конечните 6-0 за струшкиот тим.
Струга Трим Лум се зацврсти на 2.место на табелата со 17 бодови, два помалку од водечката Шкендија Тетово, а три повеќе од шампионот Вардар, Екипата на Арсими останува на седмата позиција со 8 освоени бодови.
Ова коло ќе биде комплетирано во среда со дуелот во Штип.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































