Тимот на Интер Мајами повторо одигра „реми“ и испушти нова победа во последните минути. Иако Лионел Меси го постигна 101 гол за Интер, составот од Флорида одигра 2-2 со Сан Диего.
Гостите од Сан Диего први дојдоа до водство. Уште во 12. минута преку Андерс Драјер,кој искористи одлично проигравање од Јепе Тверсков.
Аргентинскиот ас Меси израмни на 1-1 во 24. минута со прекрасен погодок директно од слободен удар од десната страна.
Луис Суарез се погрижи за целосен пресврт и го доведе Интер Мајами во водство од 2-1 во 74-тата минута. Сепак предноста траеше само осум минути. Драјер со својот втор гол на мечот во 82.минута ги постави конечните 2-2 и ја расипа забавата на навивачите во Мајами.
Ова беше четврти последователен нерешен резултат за Интер кој сега има скор од 12 победи, 4 порази и 10 ремија. Сега екипата од Мајами трет во источната конференција со 46 бодови, колку што има и Њу Ингланд, а заостануваат 11 бода зад лидерот Нешвил.




































