Квартетот на екипи што се главни претенденти за највисок пласман во новата сезона на ракометната Супер лигата впишаа нови победи.
Во дуелите од 3.коло, Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид ја оправдаа фаворитската улога.
Шампионот Вардар иако требаа да играат на домашен терен, сепак дуелот со Младост го одигра во Богданци. Тоа не им беше никаков проблем на вардарци да слават 10 гола разлика.
На убедливи гостински победи се радуваа и Еурофам Пелистер и Охрид на гостувањета против Струга и Бутел. За нив ова беше втора победа, за разлика од Вардар кој има три, но и Алкалоид. Составот од Автокоманда беше единствениот штпо играше на домашен терен, а го победи тимот на Куманово.
Во истата сала денеска се одигра и најнеизвесниот натпревар меѓу Мунти Есенс и Е.Пелистер 2 кој гостите го одбија со еден гол разлика.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|




































