Машката македонската одбојкарска репрезентација денеска има слободен ден на Европскиот шампионат.
По трите би рекле очекувани порази од фаворитите, Бугарија, Украина и Полска, Европското првенство за македонските одбојкари „допрва“ почекува“.
Ова меѓу останатото го вели средниот блокер Филип Маџунков по вчерашниот дуел со европскиот првак.
Дуелите против Португалија утре и Израел задутре треба да одредат која ќе биде четвртата селекција која ќе им се приклучи на фоаворитите во следната фаза на првенството.
Мала предност во оваа тројка на селекции имаат Израелците кои ја совладаа Португалија со 3-2. Ние и Португалците со кои играме утре од 15 часот, стартуваме од нула. Во истиот термин (15 ч.) ќе се игра и дуелот со Израел во среда.































