Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација е во Виена, каде каде ќе го игра првиот натпревар од претквалификациска рунда Евробаскет 2029.

Македонија пристигна во Виена, вечерва го одработи и првиот тренинг (ФОТО)

Избраниците на селекторот Хозе Мариа Берокал в недела ќе се соочат со селекцијата на Австрија.

По пристигнувањето и краткиот одмор, македонските кошаркари го одработија и својот прв тренинг во Виена. Тренингот беше реализиран токму во „Спорт Арена“, салата во која ќе се игра дуелот со Австријците.

Најважната информација за стручниот штаб е дека сите репрезентативци се чувствуваат добро и се подготвени за предизвикот кој следува. Здравствените проблеми кои го попречуваа тимот во претходниот период се веќе минато, па Македонија ќе може максимално подготвена да влезе во дуелот со Австрија.

Домашната селекција, пак, во првиот натпревар од оваа претквалификациска рунда беше поразена од Кипар на гостински терен. За дуелот со Македонија се очекуваат речиси полни трибини во Виена, но поддршка ќе имаат и нашите репрезентативци.

Македонските навивачи, предводени од „Фалангата“, најавија присуство и гласна поддршка за националниот тим.

Македонија за овој натпревар ќе може да смета и на Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои заедно со искусните репрезентативци Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски и Адем Мекиќ, како и со помладите сили во составот, треба да донесат дополнителен квалитет и енергија во тимот.

Целта е јасна – добар старт на последната претквалификациска рунда и позитивен резултат на гостувањето во Виена.

Вечерва Македонија го направи првиот чекор во Виена. Следуваат уште два дена подготовки, анализи и тренинзи пред неделниот предизвик, кога нашиот национален тим ќе се обиде да ја започне новата претквалификациска битка на најдобар можен начин.

Натпреварот, Австрија – Македонија, што ќе се игра утре ќе започне во 16:05 часот.