Македонија го пречекува Кипар во третото коло од втората рунда на претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Единствена цел за македонските кошаркари е победата.

За двете репрезентации ова е втор натпревар во втората рунда и директен дуел за врвот на табелата. Македонија и Кипар имаат по една победа и два бода по воведните средби против селекцијата на Австрија. Кипраните на стартот славеа дома со 77:72, додека нашите кошаркари беа убедливи на гости со 59:91. Поради подобрата кош-разлика, Македонија е прва пред Кипар, додека Австрија е последна со два порази и два бода.

Селекторот Жозеп Марија Берокал за вечерва ги има на располагање сите повикани кошаркари во салата „Лазар Лечиќ“. На последниот тренинг на националниот тим се приклучија и интернационалците Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт. Влогот во групата Ф е голем, бидејќи само првопласираната селекција обезбедува пласман во третата квалификациска рунда. Ова ќе биде прв официјален меѓусебен натпревар меѓу сениорските репрезентации на Македонија и Кипар.

Денешниот натпревар Македонија – Кипар започнува во 18:00 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.