Македонскиот боксер Ален Рустемовски оствари убедлива победа во првиот меч на Медитеранските игри во Таранто.
Тој во осминафиналната рунда, во категоријата до 60 килограм, го порази босанскиот репрезентативец Михајло Декиќ од Босна и Херцеговина.
Доминацијата на Рустемовски го принуди судијата во ринг, да је прекиуне борбата на 20 секунди пред крајот на третата рунда.
22-годишниот македонски боксер, обезбеди место во четвртфиналето. Во него противник, на чекор до медал, ќе му биде Ариол Зенели од Албанија. Борбата е закажана за во вторник (25 август) во 16 часот.
Со право Ален е еден од макеоднските фаворити за медал на Медитеранските игри.
За жал македонската таеквондистка Милијана Рељиќ остана без шанса за тоа.































