Актуелниот македонски шампион Вардар е во голема криза. Вардарци по елиминацијата од европските натпреварувања, поретрпеа два порази до домашното првенство.
Откако загуби од тетовска Шкендија, попладнево Вардар е поразен и на гостувањето кај Струга Трим Лум. Дуелот од 3.коло во Првата лига, домаќините го добија со 1-0.
Првата половина од првиот дел им припадна на гостите кои во неколку наврат се заканија кон голот на стружани. Во два наврати Фал интервенираше во вистински момент за да не дозволи водство на скопјани. На спротивната страна Радевски беше во фокусот на вниманието. Прво ја затресе мрежата на Талевски, но голот беше поништен поради офсајд. Само две минути подоцна, Радевски од идеална позиција не го совлада вардаровиот голман, кој овојпат добро интервенираше.
Вториот дел стружани го почнаа нешто поконкретно напаѓајќи гол голот на Талевски. Таквата игра донесе и резултат кога во 60.минута, по еден брз напад од десната страна, Христијан Малевски им донесе радост и водство на домаќините со 1-0. Само две минути подоцна речиси од идентична акција Малевски се обиде да ја удвои предноста но тогаш вардаровиот голман Талевски беше поуспешен. Во 75.минута вардарци, односно Матиќ, ја имаше најзрелата шанса за гол, но немаше среќа.
Затоа пак во петата минута од судиското дополнение беше досудена најстрога казна за вардарци. Одговорноста ја презеде Бабунски кој биеше високо над голот, па стружани можеа да слават победа.
Последниот натпревар од ова коло ќе се игра попладнево во Скопје, на теренот крај ФФМ. Таму тетовска Шкендија ќе биде домаќин на Брегалница од Штип.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































