Воведниот натпревар од 2.коло во ПМФЛ, меѓу арачиновска Шкендија и Силекс заврши си „поделба“ на бодовите. Со по еден пенал и тоа по прегледување на ВАР снимката, Шкендија Арачиново и Силекс одиграа 1-1.

На стадион, во Чаир, во првиот прволигашки натпревар на којшто Шкендија Арачиново го играа пред своја публика, домаќините поведоа први. Во 31.минута, по прегледувањето на ВАР снимката, судијата Стојчевски покажан на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше капитенот Демири за водство на Шкендија од 1-0.

Иако гостите од Кратово успеаја да ја затресат домашната мрежа, сепак тој гол беше поништен поради офсајд, па на полувреме домаќинот замина со гол предност.

Во вториот дел, кратовци беа оние кои тргнаа поофанзивно, но арачиновци во 79.минутра пропуштија шанса за втор гол која ја погодија стативата од голот на Џеков.

Затоа три минути подоцна Стојчевски, кој нели е „најдобар судија“, пак мораше да гледа ВАР. Тогаш покажа на белата точка и досуди пенал за Силекс. Таквата шанса не ја пропушти Босанецот, Хасукиќ кој израмни на 1-1.

Останатите натпревари ќе се играат во текот на викендот, а дербито е в недела во Скопје, каде ќе играат шампионот Вардар и вицепрвакот Шкендија Тетово.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање