По десетдневна пауза, од стартот на новата сезона, од денеска до недела, нови натпревари во Првата фудбалска македонска лига.

На програмата се дуелите од второто коло, кои ќе биде отворено попладнево со дуелот во Чаир. Таму своите натпревари како домаќин ќе ги игра новајлијата арачиновска Шкендија.

Дебитантот во прволигашкото друштво ќе го пречека кратовски Силекс. Гостинскиот состав ја има улогата на фаворит, не само поради минатото, туку и поради амбициозниот тим кој Васоски го има на располагање. Кратовци се еден од тимовите кои во новата сезона ќе атакуваат на трофеите, а тие се и бранители на оној од Купот.

Фаворитската улога Силекс ќе треба да ја потврди во натпреварот што ќе почне од 17 часот. Во истиот термин утре и задутре ќе се играат уште три натпревари, меѓу нив неделното дерби Вардар – Шкендија Тетово. Единствено дуелот во Штип меѓу Брегалница и Аресими ќе се игра во терминот од 19 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање