КК Пелистер доведе второ засилување за сезоната 2026/27.

По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг.

Се работи за кошаркар кој доаѓа од САД, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство. Тоа значи дека Денинг во македонското првенство ќе настапи како домашен играч.

Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија настапуваше во Азербејџан, Еквадор и Косово.

Денинг пред јавноста ќе биде претставен на почетокот на подготовките на Пелистер.