Фудбалерите на тиквеш со 5 постигнати голови ја почнаа новата сезона во Првата македонска лига.
Воведниот натпревар од 35-тото издание на ПМФЛ, одигран во Кавадарци, домашниот Тиквеш со убедливи 5-1 го победи Арсими.
Целата работа домашниот тим ја заврши уште во првото полувреме во која постигнаа четири голови. На двапати во листата на стрелците се впиша Нигериецот, Лавал и Сила од Гвинеја. За гостите од Гостивар, гол постигна Рамадани.
Во второто полувреме, Сила пак ја затресе мрежата на гостинскиот тим, комплетирајќи го својот хет-трик. Кавадарчани најавија дека имаа одлична екипа и дека сигурно и во новата сезона ќе бидат тежок ривал за секој противник.





























