За разлика од години наназад кога новата сезона во мак-фудбалот почнуваа во август, годинава стартот е порано. Со денешниот натпревар во Кавадарци ќе почне 35-то издание на Првата македонска фудбалска лига.
Со променет систем и намален број на учесници, десетте екипи, ќе се борат за трофејот, за излез во Европа, но и за опстанок.
Вардар ќе ја брани шампионската титула, а како и лани главен конкурент на скопјани ќе биде тетовска Шкендија. Секако во трката за титулата ќе се вклучат и Силекс и Струга Трим Лум. Тоа е кругот на кандидати за највисок пласман, но и местата што водат на европската сцена.
Жестока би требало да биде и битката за избегнување на последните две места кои ќе значат преселба во Втората лига. Тимот кој ќе заврши како осми ќе треба да игра бараж за опстанок.
Повратници во прволигашката конкуренција се штипска Брегалница и по подолго време екипата на Скопје од Автокоманда. Дебитант е составот на арачиновска Шкендија која како домашните натпревари ќе ги игра на стадионот во Чаир.
Ако се остварат предвидувањата, тогаш би требало да гледаме по интересна сезона, која е предвидено да заврши на крајот на мај следната година.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























