Четворица македонските тренери успешно го минаа меѓународниот ФИВБ „Левел“ 2 курс за одбојкарски тренери, кој се одржа во хотелот „Адор“ во Приштина, Косово.
Станува збор за тренерите: Кристијан Ристески, Атанас Милев, Ѓоко Јосифов и Хабил Ајети
Ристески и Милев, кои се дел од стручниот штаб на машкиот сениорски национален тим, како и Јосифов, кој веќе неколку години ја гради својата тренерска кариера во Австрија и Ајети. Тие успешно го завршија процесот на предавања, практични сесии и професионално тестирање, на кој учествуваа 24 тренери од различни земји.
Четворицата тренери со овој курс направија чекор напред во професионалната тренерска надградба и им останува уште еден семинар за да дојдат до највисокото ниво – ФИВБ Левел 3.




































