Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, го претрпе првиот пораз во Б дивизијата на Европскиот шампионат.
Во натпреварот 2.коло во А групата, на првенството што се одржаа во Словачка, македонските надежи се поразени од Ирска 56-69
Од самиот старт противникот одлично го почнаа натпреварот и поведе со 7-0. Ирците предности од седум поени ја задржаа и по првите 10 минути (20-13). Во вториот квартал, нашата селекција успеа да намали на 4 негатива, но не и да ја аулира до крај.
И во второто полувреме иста слика на теренот. Голем број на загубени топки, премногу индивидуални непотребни потези, само им помогнаа на Ирците да ја зголемуваат разликата. Противникот во еден миг имаше и најголеми 18 предности. Уште тогаш беше јасно дека Македонија ќе го загуби овој натпревар. Ирците едноставно, им одржаа лекција на нашите надежи, како се игра брза и пред се колективна кошарк, со многу борба во одбраната.
Така вчерашниот триумф на домаќинот Словачка остана не крунисан, па сега црвено-жолтите ќе мораат по потешкиот пат да се изборот за едно двете позиции кои водат во четвртфиналето.
Ќе имаат два дена за одмор македонските младинци, пред наредните два меча со Шведска и Азербејџан.































