Актуелниот светски шампион Аргентина ја делат уште три победи од одбраната на титулата. Патон на „Гаучосите“ до тоа нема да биди ни малку лесен.

Прв од трите предизвици е националниот тим на Швајцарија, против кој Аргентинците ќе играат ноќеска во последниот четвртфинален дуел.

Аргентина остана единствената селекција кој не е од европскиот континент, а која е меѓу осумте најдобри на првенството.

Квалитетот, традицијата, секако е на страна на Аргентина, но Швајцарците се покажаа како цврст тим кој знае што сака. Цврстата одбрана, потпомогната од борбениот среден ред, се адутите на Швајцарците.

Затоа пак Аргентина го има Меси кој со осумте постигнати голови досега на првенството, потврди дека е во неверојатна форма, како во најдобрите денови.

Во меѓусебните дуели, а досега се одиграни седум, Аргентинците имаат шест победи, а Швајцарците никогаш не се радувале. Тоа ќе биде и нивно трето соочување на Мундијалите. Последно, во рамките на осминафиналето на Светското првенство во Бразил, го добија Аргентинците по продолжение со 1-0.

Како ќе биде ноќеска во Канзас Сити, ќе видиме низ дуелот што ќе почне во 3 часот по полноќ.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)