ЖРК Вардар продолжува со засилувањата за новата сезона, а ново име во црвено-црниот табор е една од најталентираните македонски млади ракометарки, Анастасија Тодоровска.
Станува збор за македонската кадетска репрезентативка, која пристигнува од редовите на ЖРК Пелистер, каде што беше најдобар стрелец на сениорската екипа.
Тодоровска настапува на позицијата десен бек и зад себе има одлична сезона, во која се наметна како една од најефикасните ракометарки во македонската Супер лига.
Во сениорската конкуренција постигна импресивни 156 голови, додека во младинската лига со 52 погодоци го освои второто место на листата на стрелците.
Со ангажманот на Тодоровска, Вардар добива уште едно младо и перспективно засилување кое ќе претставува важен дел од тимот во претстојната сезона.
Ивона Кимовска





































