Утринава од европската „куќа“ на ракометот, ЕХФ, пристигна одлична вест, која секако беше очекувана.

Европската ракометна федерација потврди дема македонскиот првак Вардар ќе биде дел од новата сезона во елитната Лига на шампиони.

Вардар е еден од 13-те тима кои добија „вајл-карта“ за настап во елитата, која пристојната сезона ќе брои 24 екипи. Останатите се: Архус, ГОГ Гудме, Нант, Монпелје, Фуксе Берлин, ПИК Сегед, Висла Плоцк, Порто, Партизан, Криенс Луцерн, Целје и Кристијанштад.

Инаку, Вардар кој е двократен европски шампион, последен пат играше во елитното натпреварување во сезоната 2021/2022.

Во ждрепката закажана за 26 јуни (сабота – 11 часот), ќе бидат и екипите на: Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Веспрем, Колстад, Келце, Мелсунген, Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт

Лигата на шампиони од следната сезона ќе брои 24 тима, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, ќе се игра двокружен систен. Првопласираните и второпласираните од секоја група ќе продолжат понатаму, додека последните две ќе играаат во Европската лига.